Црна хроника
Пронајдени вкупно 11 Сиријци сокриени во возила
Полицијата пронајде вкупно 11 Сиријци кои биле шверцувани, сокриени во автомобили.
Четворица Сиријци биле најдени пред три дена во џип „лендровер“ кај клучката кај Гевгелија. Поднесена е кривична пријава против триесет и петгодишен гевгеличанец за криумчарење на мигранти.Во другиот случај, седум Сиријци биле најдени во два автомобила „киа спортаж“ и „ауди А6“ на автопатот Гевгелија – Скопје пред четири дена. Мигрантите ги превезувале двајца скопјани против кои е поднесена кривична пријава. На сите им е одреден притвор во траење од осум дена. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.