Црна хроника
Пронајдено телото на исчезнатата српска пејачка Јелена Марјановиќ
Српската полиција го пронашла телото на пејачката на Гранд продукција Јелена Марјановиќ, која во саботата исчезна во Борча, соопшти министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
„Добив потврда дека е пронајдено телото во каналот на територијата на општина Палилула. Не можам ништо понатаму да кажам, тоа оди во правец на ова истрага за која се сомневавме во текот на ноќта“, рече Стефановиќ пред новинарите во Белград.Исчезнувањето на Јелена Крсмановиќ, омажена Марјановиќ(32) е пријавено во сабота, откако по 15 часот не се вратила од трчање на насипот во Борча.Исчезнувањето го пријавил нејзиниот сопруг, кој со неа и ќеркичката бил на насипот, пред Јелена да отиде на трчање, по што и се губи секаква трага. /крај/бл/ст
Извор: Blic
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.