Контакт

Црна хроника

Психички непресметлив скопјанец со пиштол и се заканувал на мајка си

Објавено пред

СВР Скопје-Единицата за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде 21-годишниот Ж.В. од Скопје, поради основано сомневање дека на 04 и 05.11.2014 гoдина сторил две кривични дела проследени со насилство – „предизвикување на општа опасност“ и „загрозување на сигурноста“ и две кривични дела од областа на недозволената трговија „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. 

dobivaj vesti na viber

 

На кривично правните настани претходел подолг период на девијантно однесување  на пријавениот уште како малолетник,  за што во периодот 2009/2014 година му се поднесени пет прекршочни пријави од Законот за оружје  и две прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир.

 

Неговото девијантно, пред се насилничко однесување, најчесто било насочено кон мајка му со која живеел, а кулминирало на 4-ти ноември околу 21 часот, во неговиот семеен дом, кога пријавениот без никаков повод и причина, од пиштол кој го поседувал и носел без одобрение, испукал еден проектил во вратата од дневната соба, каде седел заедно со мајка му и неговата девојка.  Мајката исплашена од тоа што се случило, но и сакајќи да го заштити синот, случајот не го пријавила во полиција, а со него се договорила наредниот ден да одат во Клиничкиот центар, каде од страна на психијатар ќе му биде пружена стручна медицинска помош.

 

Наредниот ден, како што предтходно се договориле, Ж.В. и мајка му, околу 08:00 часот заминале во Клинички центар и кога пристигнале пред Клиниката за психијатрија, тој извадил пиштол, кој го вперил кон мајка му заканувајќи и` се дека ќе ја убие, по што се дал во бегство. Мајката го пријавила случајот во полициска станица и набрзо потоа лицето од страна на полициски службеници на ПСОН „Центар“ е пронајден и лишен од слобода, а при личниот преглед во појасот му се пронајдени два пиштоли непозната марка.

 

Со соодветна наредба извршен е претрес во домот и другите простории на Ж.В. при што се пронајдени еден пиштол „Чешка Зброевка“ кал. 7, 65 со рамка во која имало четири куршуми,  два зипери со наркотична дрога марихуана, еден куршум од малокалибарска пушка, еден испука проектил, четири куршуми пиштолска муниција и една опруга од огнено оружје-пиштол.

 

Од страна на Судија за претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење 30 дена./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж

Објавено пред

Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.

dobivaj vesti na viber

Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.

Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.

Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид

Објавено пред

Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.

Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Топ

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Објавено пред

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.

За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион29 минути

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ44 минути

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ3 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија3 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија4 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион5 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион6 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа6 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет6 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа6 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија19 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија20 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија22 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија23 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...