Црна хроника
Пукале неконтролирано, погодиле девојче во ногата
Во два одделни инциденти кога се пукало неконтролирано, едно девојоче е повредено во ногата, оштетен е автомобил и покрив на куќа.
Во саботата, околу 20.20 часот во село Глумово, скопско, непознат сторител од непознат правец и од непознато огнено оружје испукал повеќе куршуми. Притоа, еден од испуканите проектили нанел телесна повреда на палецот од левата нога на четиринаесетгодишно девојче, кое во тој момент седело со другарките во дворот од куќата. Истата била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и е укажана лекарска помош и е пуштена на домашно лекување. Од истото пукање, проектили завршиле во предната хауба од автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С. (42) од село Глумово, кое било паркирано пред неговата куќа. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. Во неделата пак, во 21 часот Ј.А. (37) од село Долна Бањица, пријавил дека во наведеното време З.М. (55) од село Балин Дол, при семејна веселба, од неговиот пиштол, кој го поседувал со дозвола, испукал неколку куршуми во воздух. Испуканите проектили завршиле во куќата на Џ. Ј. од село Чајле и предизвикале оштетување на кровната конструкција. З.М. бил приведен од полициски службеници од ПО Чегране. Со Потврда за одземени предмети му бил одземен пиштолот, една рамка со седум куршуми калибар 9мм и дозволата за оружје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.