Црна хроника
Пукале од мотор кон автомобил во центарот на Скопје
Непознати лица, возејќи се на мотор во Скопје, пукале од огнено оружје кон автомобил управуван од тинејџер.
Непознати лица, возејќи се на мотор во Скопје, пукале од огнено оружје кон автомобил управуван од тинејџер.
Имено, во четвртокот, околу 23,35 часот во Скопје, во близина на автобуската постојка пред Градска општа болница „Свети Наум Охридски“, две непознати лица кои биле со мотоцикл пукале од огнено оружје кон патничко возило „БМВ“ сопственост на А.И. од Скопје, а управувано од С.К. (18) од велешкото село Бузалково.Увид е извршен и на лице место пронајдени се три чаури и оштетено е искршено стаклото од автобуската постојка. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.