Црна хроника
Пукање во расправија меѓу сириски и авганистански државјани во Визбегово
Сириски и авганистански државјани почнале расправија во прифатниот центар во Визбегово, при што бил испукан еден куршум од пиштол, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил во среда, околу 17 часот во Прифатниот центар на лица баратели на азил.
Најрпвин почнала расправија помеѓу повеќе непознати сириски државјани, при што едно од лицата со нож му се заканилo на З.А.(23) од Авганистан, додека друго лице му вперило пиштол. Во тој момент, трето лице му ја турнало раката на лицето што го држело пиштолот, при што бил испукан еден куршум.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.