Црна хроника
Пукано во комбе во центарот на Скопје
Пукано е во комбе попладнево околу 13.20 часот во скопската населба Капиштец.
Пукањето се случило на улицата „Народен фронт“, кога се слушнале четири пет истрели на огнено оружје кои завршиле во комбе „фургон“ во сопственост на фирма „ДТУ Огнометика“.Од МВР официјално сé уште не ги потврдуваат шпекулациите дека лицето кое пукало во комбето е на списокот на помилувани лица од страна на Претседателот Ѓорге Иванов и оти е наводно сопственик на портал. Полицијата сé уште нема влезено во станот на лицето за кое се претпоставува дека пукало. Од Министерството најавуваат подетални информации за подоцна./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.