Црна хроника
Работник загина од струен удар
– фото илустрација
Триесет и четиригодишен скопјанец загина од струен удар при изведување на градежни работи со кран, соопшти полицијата.
Триесет и четиригодишен скопјанец загина од струен удар при изведување на градежни работи со кран, соопшти полицијата.
Според истиот извор, во петокот околу 15,30 час во Скопје на ул.„Пелагонија“, во објектот сопственост на Р.И. (25), лицата Ружди Т. (34) и А.Ф. (42) двајцата од Скопје, пристигнале со камион „ивеко“ со скопски регистарски ознаки. Ружди Т., кој го управувал возилото, влегол во дворот и започнал да манипулира со кранот, но откако земал една палета и кревајќи ја кон куќата, со горниот дел од кранот удрил во каблите од електричната доводна инсталација над куќата. Во тој момент А.Ф.од струен удар бил отфрлен во дворот, додека Ружди Т. починал.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.