Црна хроника
Расчистени две кражби на експозитури на „Македонски пошти“
Полицијата поднесе кривични пријави против три лица, сторители на две кражби на експозитури на „Македонски пошти“ во Кисела Вода и Гази Баба, во текот на мај и јуни годинава.
Кривични пријави за „одземање моторно возило“ и „тешка кражба“ се поднесени против лицата Д.Ј. (30), Б.Ш. (24) и Ш.Д. (46). Со кражбите се стекнале со противправна имотна корист во износ од 110.250 денари, а причиниле материјална штета од 57.383 денари.
Пријавените, кривичните дела ги извршиле во периодот од 27-ми мај до 06-ти јуни годинава на Кисела Вода и на подрачје на Гази Баба.
Во мај годинава Д.Ј. на ул. „Сава Ковачевиќ“ украл „фиат Уно“по што ја се упатил кон експозитурата на АД „Македонска Пошта“ во Кисела Вода од каде што украл метален сеф со пари.
Потоа на почетокот на јуни, Д.Ј., Б.Ш. и Ш.Д., го повториле истото дело. Прво на булевар АСНОМ на паркинг просторот украле пикап „Фиат Фиорино“, а потоа со возилото сите се упатиле кон населба Маџари, на улицата „Благоја Стефковски“ бб каде што е лоцирана експозитурата на Македонска пошта. Иако не успеале да ја откорнат металната заштитна решетка на влезната врата од поштата, сепак тоа им успеало со металната заштитна решетка на еден од прозорите и влегле во експозитурата. Внатре дошле до вратата од благајната која со употреба на сила насилно ја отвориле, а таму го отвориле металниот ормар од каде украле неколку вреќи во кои имало ситни метални пари, и еден метален сеф, кои потоа ги изнеле и ги ставиле во одземеното моторно возило.
Меѓутоа, набргу додека се движеле кон централното градско подрачје биле пресретнати од полициска патрола која извршувала редовни полициски задачи. Д.Ј кој го управувал возилото, ја зголемил брзината на возилото и нагло го смениле правецот на движење со тоа што го свртиле возилото по улица која водела кон Железничката станица, а кога стигнале во близина на пругата, сите тројца излегле од возилото и се оддалечиле во непознат правец, оставајќи го возилото и украдените предмети во него.
Инаку, Д.Ј., Б.Ш. и Ш.Д. се познати сторители на кривични дела. Крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.