Црна хроника
Разбеснет охриѓанец истепал татко и син
Охриѓанец заработи кривична пријава откако бил пријавен дека во четвртокот нападнал и повредил двајца свои сограѓани, татко и син, а друг затоа што се обидел да го прикрие нападот.
Секретаријатот за внатрешни работи во Охрид во саботата поднесе кривична пријава против 31-годишниот А.Р. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, како и против неговиот пријател 38-годишниот И.Д., исто така од Охрид, поради постоење основи на сомнение за помагање во извршување кривично дело.Имено А.Р. во четвртокот со метална цевка ги нападнал 26-годишниот Д.Т. и неговиот татко М.Т., на 55 години, нанесувајќи им телесни повреди, а истовремено го оштетил и нивниот автомобил „дачија логан“. Неговиот пријател е пријавен, поради тоа што откако го спречил напаѓачот да продолжи со насилството, ја зел и ја сокрил металната цевка.Причините за нападот и целиот случај го расветлува охридската полиција./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.