Контакт

Црна хроника

Разбиена група дилери на дроги во продолжение од акцијата 'Мрежа' – видео

Објавено пред

 Пет лица се притворени, а при претреси на објекти и домови во Скопје и во Кавадарци, запленети се околу 4,5 килограми марихуана, одземени околу 12.000 евра и 0,12 грама и 0,15 грама прашкаста кристална материја стимуланс – МДМА  и 2 таблети МДМА, во полициската акција со кодно име „Мрежа“, во која е разбиена криминална група која набавувала и дистрибуирала марихуана и други видови наркотици во неколку градови во земјата.

dobivaj vesti na viber

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи во понеделникот, акцијата започнала кога полицијата добила сознание дека првоосомничениот го ангажирал неговиот син, пред нивниот дом во селото Морани да ги пречека лицата трето и четвртоосомничените со наркотичната дрога марихуана, да ја измери тежината на истата, како и да ги подготви и исплати сума од 13.000 евра.

Откако со автомобил „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, пристигнале добавувачите, во дворот од куќата каде што живеат таткото и синот кои сакале да ја набават дрогата, двајцата ја извадиле марихуаната и ја измериле на вага за мерење на наркотична дрога, која потоа синот ја сокрил во дрвен сад кој се користи за чување на сточна храна, а добавувачите останале да го чекаат првоосомничениот во неговата куќа.

Поради постоење на основи на сомнение дека ќе се пронајде наркотична дрога или други предмети кои потекнуваат од кривично дело, по претходно обезбедена наредба од судија во претходна постапка извршен е претрес во објект кај првоосомнилчениот 47-годишниот Р.А.(47) од Скопје, при што се пронајдени и одземени околу 4 килограми растителна материја (најверојатно марихуана), вага за мерење на наркотични средства и околу 5.000 евра во различни валути (денари, евра и долари), додека кај неговиот син, 20-годишниот К.Б. се пронајдени и одземени се околу 8.000 евра во различни валути.

По извршениот претрес и преглед врз лицата, исто така, со потврда за привремено одземени предмети одземени се две патнички возила, повеќе телефонски апарати и СИМ картички.

Веднаш потоа, извршен е претрес и во стан на улицата „Драга Стојанова“ во населбата Кисела Вода, кај Ј.С., жителка на Прилеп со живеалиште во Скопје, којашто во договор со Р.А. набавила дрога поради натамошна препродажба по негови инструкции. При претресот понајдени се 20 зипер мали ќесички со растителна материја зелена боја; eдна дигитална вага, една поголема зипер ќеса во која има 6 помали зипер ќеси со растителна материја со зелена боја, 9 поголеми полиетиленски паковања со растителна материја со зелена боја, остатоци од растителна материја со зелена боја, 115 празни зипер ќесички, една кутија цигари „West“ во која има 11 рачно направени цигари исполнети со растителна материја со зелена боја, едно полиетиленско ќесе во кое во хартија има две таблети со сина боја, едно полиетиленско мало паковање во кое има остатоци од таблети и прашкаста материја сина боја од непознато потекло, едно полиетиленско мало паковање со прашкаста материја со бледо жолта боја, мобилен телефон марка марка “HTC“ со сим картичка и една мемориска картичка со натпис „Scndise Vetra 32G3“. Таа, според сомненијата по инструкции од Р.А., имала намера набавената дрога да ја препакува и препродава на наркозависници со кои контактирала.

Во дополнителните истраги и мерки бил полициски опсервиран и 25-годишниот М.А. од Кавадарци за кого, исто така, постоеле сомневања дека врши препродажба на дрога за сметка на Р.А. и на тој начин се стекнува со лична имот корист задржувајќи дел од паричните средстава. При претресот пронајдени се траги од марихуана, додека осомничениот и други предмети од интерес на службата не се понајдени. Одземената растителна материја е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР, за натамошно вештачење.

Во текот на спроведувањето на повеќемесечната истрага против организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога, полицијата обезбедила материјални докази против пет лица, членови на криминалната група, за кои постои основано сомнение дека истите биле инволвирани во нелегална трговија со наркотични средства. До Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против Р.А.(47), К.Б.(20), И.И.(57) и С.А.(21) сите од Скопје, и Ј.С.(25) во Прилеп, а престојува во Скопје за сторено кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик на Македонија.

Досега во рамки на акцијата „Мрежа“ се откриени повеќе од 170 лица кои се товарат за нелагална трговија со наркотици, а запленети се над 520 килограми разни видови дроги./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Црна хроника

Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

dobivaj vesti na viber

Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

dobivaj vesti na viber

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се степале вработени во болница во Карпош

Објавено пред

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија2 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија4 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија5 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија6 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија8 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ9 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија9 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија9 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија12 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет12 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет12 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија12 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион13 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет13 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет13 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...