Црна хроника
Reuters видео: Македонската полиција употреби солзавец за да ги растера мигрантите
Македонската полиција во петокот употребила солзавец за да ги растера илјадниците мигранти кои се обиделе да влезат од Грција во Македонија, јави дописникот на Reuters, а за Макфакс од Министерството за внатрешни работи изјавија дека немаат потврда за таков инцидент, како ниту за наводното ранување на полицаец од страна на имигрант,
Дописникот од лице место јавува дека, неколку илјадници мигранти од Блискиот исток, Африка и Азија, прежно сириски бегалци ја поминале ноќта на ничија земја откако Македонија прогласи кризна состојба и ги затвори границите за илегални мигранти на јужната и на северната граница. Полицијата, како што јавува агенцијата, стои зад бодликава жица која била поставена на границата, испалила солзавец и се обидела да ги потисне мигрантите кои сакаат низ Македонија, преку Унгарија да стигнат до Шенгенската зона во ЕУ.Некои од македонските медиуми јавуваат дека ноќеска по полноќ околу 300 мигранти успеале да влезат на македонска територија и дека мигрант ранил полицаец во Гевгелија.Од македонското Министерство за внатрешни работи за Макфакс изјавија дека досега не е регистриран таков инцидент, односно дека мигрант ранил со нож полицаец.Дописникот на Reuters јавува дека дотокот на мигрантите, кои стигнуваа од 1.500 до 2.000 дневно на железничката станица во Гевгелија, ненадејно запрел.Според статиската на МВР во последните два месеца, од кога беше донесен Законот за азил и привремена заштита низ Македонија минале околу 40 илјади мигранти./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.