Црна хроника
САД: Ги убил ќерката и шесте внучиња
Педесет иедногодишен маж од Флорида ги убил во четвртокот во својот дом ќерката и шесте внучиња пред да изврши самоубиство.
Дон Спирит ја повикал службата 911 и се застрелал откако на местото на злосторството пристигнал заменикот на шерифот изјави за локалните медиуми Роберт Шулц, шериф на округот Гилчрист. Сите во домот се убиени, рекол шерифот
Додал дека Спирит ги застрелал својата 28-годишна ќерка Сара Лорејн Спирит, и шесте деца од двајца татковци, и тоа на 11, 9, 8, 5 и 4- годишна возраст, а најмалата жртви била родена во јуни година.
Злосторството се случило во близина на Бел, гратче со околу 500 жители, на 56 километри западно од Геинсвил.
Спирит поради кривични дела и претходно и’ бил познат на полицијата, рекол Шулц. Додал дека засега иследниците немаат мотив за трагедијата.
Спирит, инаку, излегол од затворот на Флорида во февруари 2006 година, откако одлежал три години во врска со смртоносното застрелување на својот син осумгодишен Кајл Спирит, за време на лов./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.