Црна хроника
Санкционирани над 1.000 возачи во Скопје во изминатата недела
Сообраќајната полиција изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје при што биле санкционирани вкупно 1.054 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Сообраќајната полиција изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје при што биле санкционирани вкупно 1.054 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Притоа, кај 31 возач е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 82 лицa управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале – 55 возачи, кај 30 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, додека 48 возачи управувале возила со над дозволената брзина, а 21 возач управувале возило со над 90 км на час во населено место.
Покрај ова, изречени се 82 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 45 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 26 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 367 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање на првенство на минување изречен е еден прекршок, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се 12 прекршоци, за непрописно престројување изречени се 11 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 74 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се четири прекршоци, а кај пет возила е утврдена техничка неисправност. Со пајак возило подигнати се вкупно 329 возила.
СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди, се вели во соопштението. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.