Црна хроника
СДСМ: Војникот сам пријавил дека убил тројца?
Професионалниот војник кој пред неполн месец изврши трикратно убиство во Злетово сам го пријавил убиството, велат од опозициската СДСМ.
Претседателот на Комисијата за правда на СДСМ, Максим Димитриевски тврди дека располагаат со информации кои упатуваат на криење пропусти во функционирањето на АРМ, како и во меѓусебната информираност на релација АРМ – Министерство за одбрана – МВР.„Како се случило војник возач да биде поставен на стража, ако се има предвид дека овие припадници на Армијата не вршат стражарска должност? Дали првото пријавување дека војникот убиец го напуштил стражарското место со автоматска пушка и две рамки со муниција, било во 5.27 минути? Тоа се цели час и половина пред војникот да го изврши тројното убиство! Дали и покрај тоа не биле преземени веднаш мерки за негово пронаоѓање, туку се контактирало со војникот по мобилен телефон во 06.06 минути, па во 06.39 минути и се чекало тој да се врати, како што најавувал? Кој и зошто го толерирал ваквото недозволиво однесување на војникот убиец, посебно што во касарната се знаела неговата емотивната состојба поради приватните проблеми, за што бил и пријавуван од семејството за физичко насилство? Дали самиот војник убиец се јавил околу 07.00 часот кај колегата стражар за да соопшти дека убил тројца и да не го бараат повеќе? Ако напуштањето на стражарското место од страна на војникот убиец, било уредно пријавено, зошто се чекало час и половина да се реагира? Зошто началникот на Генерал Штабот Котевски, министерот Јолевски и министерката Јанкулоска сè уште молчат за случајот?“, прашува Димитриевски.Опозициската партија бара политичка одговорност од првите луѓе на АРМ, Воената полиција, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.Професионалниот војник, Драган Манаилов ги уби таткото и мајката на поранешната сопруга и уште еден жител на село Злетово, а потоа се самоуби. Тој со службената автоматска пушка го напушти стражарското место и го изврши убиството. Претходно против Манаилов имало поднесено две кривични пријави, од кои едната за семејно насилство, којашто неговата сопруга ја повлекла. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.