Црна хроника
Се бркал со полицијата низ улици и успеал да избега
Жител на велешкото село Бузаково и избегал на полицијата, иако му била дадена наредба да застане, а полицајците испукале и неколку предупредувачки куршуми.
На регионалниот пат Велес- село Раштани, не ја почитувал наредбата на полицаецот и не застанал и со голема брзина им го попречил патот на полицајците. Во автомобилот „лада самара“ го превезувал својот брат кој е баран за издржување казна затвор во траење од четири години.Полицајците испукале пет предупредувачки куршуми во воздух, но автомобилот не запрел. Бегалецот влегол со возилото во дворот од куќата на неговиот брат во село Бузалково и повторно избегал.Полицијата работи на целосно расчистување на случајот./крја/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.