Црна хроника
Се обидел да влезе во два стана во Аеродром: уапсен 30-годишен скопјанец
Вчера попладне во 15:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот А.А. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:00 часот се обидел да влезе во стан на 33-годишна жена, а потоа се обидел да влезе и во станот кај нејзината 34-годишна сосетка која успеала да го истурка надвор.
Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен 31-годишен скопјанец, со нож го убил својот татко
Вчера околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 31-годишниот Б.Џ. од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје.
Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко.
По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено за обдукција и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
МВР: Лишени од слобода 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по едно во Велес, Куманово, Штип и Струмица и едно лице од Скопје управувало нерегистрирано возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, велат од МВР.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Црна хроника
Тројца скопјани уапсени по кражба во продажен објект во Велес, украдената роба вратена
Тројца жители на Скопје се лишени од слобода по сомнение дека извршиле кражба во продажен објект во Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти полицијата, на 11 јули во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги привеле С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје.
Претходно, 39-годишна велешанка, вработена во објектот, пријавила дека забележала две лица како излегуваат со поголема количина стока. Кога се упатила кон нив, тие побегнале и се качиле во патничко возило, по што го напуштиле местото.
Пријавителката утврдила дека од објектот биле одземени повеќе предмети.
По преземените мерки, полициски службеници од СВР Велес го запреле патничкото возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С., во кое се наоѓале и М.Х. и Б.Ј.
При прегледот во возилото биле пронајдени одземените предмети, кои биле вратени на сопственикот.
Тројцата биле приведени во полициска станица, бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
