Црна хроника
Се обидел да прегази полицајци на автопатот Гевгелија – Скопје
Возач на „ауди“ се обидел да прегази сообраќајни полицајци на патот Гевгелија – Скопје, по што полицаецот испукал еден куршум, јави МВР.
Во четвртокот, околу 15.45 часот на патниот правец Гевгелија-Скопје, кај местото викано Чешмата, полициски службеници при обид да сопрат и контролираат патнички автомобил марка „ауди“ со скопски регистерски ознаки и „БМВ“ исто така со скопски регистерски ознаки, возачот на патничкиот автомобил „ауди“ се обидел да ги прегази, по што со голема брзина се упатил кон Велес.
Еден од полициските службеници, избегнувајќи го ударот, додека паѓал испукал еден куршум од автоматско оружје.
Околу 16.30 часот патничкиот автомобил „ауди“ е пронајден на автопатот Гевгелија- Скопје, кај клучка кај село Караслари.
Во возилото пронајдени се траги од крв и истото ќе биде дополнително вештачено.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. На местото на настанот биле присутни и инспектори од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди кои се вклучени во расветлување на истиот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.