Црна хроника
Се обидел да убие сосетка со секира оти поставиле водоводни црева во неговата нива
Жител на кривопаланечкото село Луке се обидел да ја убие сосетката оти нејзиното семејство земало вода од извор, преку црево коешто било закопано во неговата нива.
Инцидентот се случил во петокот во 8 часот кај местото Тодорин камен. Седумдесет и двегодишниот жител на селото заедно со уште еден соселанец, кога дознале дека водоводните црева минувале низ нивните имоти отишле со секира да ги исечат цревата. Соседите поставиле водоводни црева кои минувале низ нивните ниви и преку нив носеле вода од извор до куќата. Кога дошле да ги сечат цревата жената им рекла да почекаат, да не ги сечат цревата бидејќи и била вклучена машината за перење. Но старецот и рекол дека и нејзе ќе ја исече како цревото и ги исекле цревата. По кратка расправија со жената, замавнал со секирата кон жената и и нанел телесна повреда од која паднала на земја во безсознание. Против стрецот е поднессена кривична пријава за обид за убиство и одреден му притвор во траење од 30 дена. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.