Црна хроника
Се одложи судењето за Божиновски, обвинетиот има нови адвокати

Повторно во средата беше одложено судењето за новинарот Зоран Божиновски кој е обвинет за шпионажа, уцена и злосторничко здружување како дел од случајот „Шпион“.
На почетокот на судењето Божиновски ги нарече судиите злосторничко здружение, поради што беше опоменат за своето однесување. Судењето почна со читање на обвинителниот акт во кој пишува дека Божиновски бил дел од случајот „Шпион“ и дека уценувал бизнисмени и други јавни личности, меѓу кои Драган Даравелски и Минчо Јорданов.По читањето на обвинението судењето се одложи за на 10-ти ноември, бидејќи една од адвокатиките која беше присутна на рочиштето побара да направат увид во предметот. Минатото рочиште беше одложено бидејќи судијката Сандра Крстиќ која го водеше случајот беше прераспределена на нејзино барање во друг оддел. Божиновски беше дел од предметот „Шпион“, но постапката за него беше раздвоена бидејќи тој беше недостапен.Во 2014 година беше донесена пресуда за овој случај во којшто се осудени главно сегашни и поранешни припадници на разузнавачката агенција, Управата за безбедност и контраразузнавање, како и Министерството за одбрана.Осудените се товарат дека се занимавале со шпионажа, но и со уцена на влијателни личности во Македонија од кои барале пари за да не им објават детали во јавност од нивните приватни животи.Во меѓувреме, надлежноста над предметот ја презеде Специјалното јавно обвинителство кое на јавната седница на Апелација ги отфрли сите жалби на обвинетите и единствено побара да им се намалат затворските казни на осудените. Апелациониот суд им ги намали казните на осудените, а ги пушти од притвор двајца обвинети во случајот, Миќо Насковски и Цветан Дамјановски./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Пукано кон маж на улица во Ѓорче Петров, МВР со детали за настанот

Доцна по полноќ, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) и му нанеле прострелна рана.
Од пукањето, како што соопшти МВР, било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“.
„А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Наставничка натепала ученик во Берово

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Г.(60) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“.
„На 07.06.2023 пријавената, наставник во основно училиште во Берово, во просториите на училиштето во работно време, вербално и физички нападнала малолетник“, велат од МВР.
Црна хроника
Лица од Таџикистан и Пакистан се тепале во Тетово

Полицијата ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан, кои биле пријавени дека околу 10.00 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа, меѓусебно физички се пресметувале.
Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
По целосно документирање на случајот против инволвираните, кои се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.