Црна хроника
Се преврте полициски џип, четворица полицајци лесно повредени
Четворица полицајци се полесно повредени, откако полициски џип „лендровер“ синоќа околу 20.45 часот се преврте на автопатот Тетово-Гостивар кај клучката за село Камењане, соопшти СВР Тетово.
Сообраќајката ја предизвикал шеесет и петгодишен пешак од Тетово кој се движел по коловозот, на десната сообраќајна лента. Триесет и тригодишниот полицаец од гостиварско кој го возел џипот кога го забележал пешакот, за да не го прегази, во обидот да го избегне изгубил контрола над возилото и џипот се превртел на покривот. Во несреќата повредени се возачот на џипот и уште тројца полицајци кои биле во џипот. Повредените полицајци биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, по што биле пуштени на домашно лекување.Пешакот, кој претходно бил пријавен во полициска станица за исчезнат, поминал без повреди. Полицијата работи на расчистување на случајот, а вкупната материјална штета се проценува на 300.000 денари. /крај/мвр/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.