Црна хроника
Се преврте трактор во велешко, загина 13-годишно дете
Малолетник загина во сообраќајна несреќа со трактор што се случи во петокот попладне во велешкото село Бузалково, кај месноста Врбица.
Во несреќата повредени се уште четири деца, а едно од нив е пренесено на клиниките во Скопје.
Според првичните полициски информации, тракторот го управувало детето кое загина. Во еден момент тракторот се превртел и излетал од патот.
На тракторот биле три од вкупно седумте деца кои се превезувале, а четири деца биле во приколката којашто ја влечел тракторот.
Причините за превртување на тракторот и излетување од патот ќе бидат познати по целосно завршување на истрагата. Телото на починатото дете по наредба на Јавен обвинител е предадено на семејството./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.