Црна хроника
Се расветлува сообраќајната несреќа кај Кичево во која загинаa три лица
Основното јавно обвинителство – Кичево во вечерните часови вчера заврши со увидот на лице место за случената сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина кај село Букојчани.
До несреќата дошло околу 19 часот, кога возило „Форд ескорт“ удрило во трактор со приколка, без регистарски таблички, натоварен со поголемо количество дрва. Како последица на ударот тројцата патници на патничкото моторно возило, возачот З.З (1970), како и сопатниците Х.А (2000) и А.В. (1997) сите од село Колари ги загубиле своите животи на лице место. Лицето кое управувало со тракторот и уште едно лице патник, двајцата жители на село Горно Страгомишта, се здобиле со телесни повреди.Надлежен јавен обвинител презеде неопходни дејствија во насока на утврдување на причините за случената несреќа. Издадени се наредби за вршење на обдукција на телото на починатиот возач на патничкото возило и земена е крв за натамошна анализа од учесниците во сообраќајната несреќа. Дадени се наредби за технички преглед на возилата и за вршење на сообраќајно-техничко вештачење./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.