Црна хроника
Сé уште нема пријава за сообраќајката кај „Зебра“, осомничениот во болница
Министерството за внатрешни работи се уште не поднело кривична пријава за сообраќајната несреќа што се случи во вторникот вечерта ка трговскиот центар „Зебра“, во скопската населба Капиштец, во којашто загина новинарката Сузана Тодоровска – Павловска, вработена во Македонското радио.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека возилото со кое беше прегазена жената е на вонреден сообраќаeн технички преглед којшто треба да покаже дали возилото било исправно и дали сообраќајката се случила како последица на човечки фактор или се работи некој технички недостаток на возилото. Се анализираат и крвта и урината коишто биле земени од возачот и совозачот коишто биле во „опелот“ за да се провери дали биле под дејство на алкохол.После тоа Министерството ќе утврдува дали има кривична одговорност за возачот. Од обвинителството велат дека осомничениот сé уште се наоѓа на болничко лекување каде е обезбеден од страна на полициски службеници, што значи дека уште нема дадено исказ во обвинителството и ја нема кажано својата верзија како се случила сообраќајката.„Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје кој беше на увид на местото на несреќата ги презема сите неопходни мерки и активности во врска со настанот. Издадени се наредби за обдукција, вештачење, ДНК анализа, земени се примероци од крв и урина од осомничениот и неговиот сопатник за испитување на присуство на алкохол и психотропни супстанции. Осомничениот сé уште се наоѓа на болничко лекување каде е обезбеден од страна на полициски службеници. До Основното јавно обвинителство – Скопје од страна на Министерството за внатрешни работи се уште нема кривична пријава. Основното јавно обвинителство – Скопје навремено ќе информира за сите преземени мерки и активности за расветлување на случајот што може да се споделат со јавноста“, се вели во одговорот од Јавното обвинителство.Според дел од медиумите, кои пренесоа изјави од очевидци, несреќата се случила додека автомобилот се движел по улицата „Васил Ѓоргов“ со голема брзина. Автомобилите што биле пред него, подзастанале за да пропуштат пешаци, но скопјаnецот кој го управувал автомобилот „опел корса“ не можел да го запре возилото поради голема брзина. За да ги избегне автомобилите, го свртел возилото и удрил во жената која одела на тротоар, потоа пробил метална ограда, се качил на скали и удрил во излог на фризерница.Оваа верзија на несреќата не е потврдена. Погребот на новинарката Тодоровска Павловска беше закажан за четвртокот. Во центарот на нејзиниот богат новинарски опус беа културните настани, а главен интерес и беа филмската уметност и подвижните слики на кои им го посвети најголемиот дел од својата кариера./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.