Црна хроника
Се запали фабриката „Виго" во Битола
Битолската фабрика „Виго”, поранешна „Прогрес”, се запали, при што пламенот се проширил во целиот објект, јави во четвртокот попладне локалната телевизија Тера.
Неофицијално пожарот избувнал во оџакот во 14 часот и додека пристигнат екипити на Против пожарната територијална единица од Битола огнените јазици ја зафатија цела фабрика.
„Се започна во 14 часот кога ние си работевме во фабриката и наеднаш осетивме мирис од џад. Се јавивме веднаш во пожарната во Битола, но поради тоа што возилото дојде касно пожарот почна да ја зафаќа цела фабрика. Веднаш почнаа луѓето да се евакуираат за да нема настрадани”, изјави Зоран Јанкуловски вработен во „Виго”.
До 16 часот додека беше екипата на терен на Тера пожарот го локализираа
четири противпожарни возила.
Поради безбедносни причини полицијата не ги пушташе возилата и минувачите да бидат во близина на фабриката ВИГО.Заради одредени информации дека опасност претставувале плински боци ограничено беше движењето, а кружеа и шпекулации дека доколку опасноста се зголеми ќе биде спроведена евакуација.
Екипите на противпожарната единица на Битола се обидуваа да го изгаснат пожарот но тие најмногу се сконцентрирани да ја отстранат опасноста од евентуана експлозија на плински боци.
Пламените јазици буквално го голтнаа таванскиот дел од фабриката, а постои голема опасност покрај машините целосно да изгоре и комплетното производство на готови кандидаторски производи. Компанијата Виго е сопственост на КАМ од Скопје. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.