Црна хроника
Седум тешко повредени во сообраќајката кај Пресека, четворица префлени во Скопје
Седум лица се тешко повредени во сообраќајната незгода што се случи утроо 9 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на планинскиот превој Пресека.
Поради сериозноста на здобиените тешки телесни повреди, на Ургентниот центар во Скопје испратени се И.А. (21) и М.С. двајцата од Скопје, Б.С.(25) од скопското село Глумово и Д.В. од струшкото село Лабуништа. Со сериозни тешки повреди, во болницата во „Свети Еразмо“ во Охрид, префрлени се Д.А. и М.Ш. и двајцата од селото Лабуништа и Н.А. (46) од селото Глумово. Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило марка „мерцедес“ со италијански национални ознаки управувано од М.В.(51) од струшкото село Лабуништа кое по магистралниот пат се движело од Охрид кон Кичево и патничко возило „голф“ со македонски национални ознаки управувано од И.А. кое се движело во спротивниот правец. При разминување на двете возила, се случил судар на нивните предни леви страни. На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител, крим техника и полициски екипи од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај од Кичево. За време на увидот имаше мал прекин на сообраќајот а потоа физичко регулирање од полициски службеник со наизменично пропуштање на патничките и другите моторни возила./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.