Црна хроника
Семејни расправии во Струмица и Скопје завршија со братско крвопролевање
Две семејни недоразбирање во Струмица и во Скопје прераснале во пресметки меѓу браќа во кои биле употребени ножеви,при што две лица се повредени.
Како што информираше во понеделникот Министерството за внатрешни работи, едниот од инцидентите се случил половина час пред полноќ во неделата во струмичкото село Градошорци, каде што 22-годишниот Т.Д. по расправија со нож во пределот на главата го повредил две години повозрасниот брат Б.Д.
Повредениот кој бил со Итна помош пренесен во Медицинскиот центар Струмица, по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. За напаѓачот, пак, е утврдено дека е лице со психичко растројство, кое се лекувало во Психијатриска болница Скопје и е задржано во СВР-Струмица за натамошна постапка.
Ден претходно, кусо по 20 часот, Полициската станица Гази Баба добила пријава дека во дом на булеварот „Александар Македонски“, непосредно до спортската сала која се наоѓа во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“, по претходна расправија меѓу браќата 56-годишниот Р.Д. и 49-годишниот А.Д., во еден момент повозрасниот брат со остар предмет му нанел на помладиот убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош.
По инцидентот Р.Д. побегнал од домот и по него се трага. А.Д. е пренесен во Гратската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош и е констатитрана убодна рана меѓу 3-то и 4-то ребро од предната лева страна на градниот кош со која е предизвикано крварење во левото белодробно крило, поради што е задржан на натамошно лекување./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.