Црна хроника
Семејството на загинатата новинарка незадоволно од висината на казната
Семејството на новинарката Сузана Тодоровска – Павлоска која загина во сообраќајка кај трговскиот центар „Зебра“ е незадоволно од пресудата со која возачот на автомобилот што ја прегази, е осуден на пет години затвор.
Адвокатот на семејството, Јанаки Митровски изјави дека во никој случај ниту тој како бранител, ниту најблиските на новинарката се задоволни од висината на санкцијата.„На површина излегуваат сите оние аномалии од новиот Закон за одмерување на видот и висината на законската санкција, за кои ние како адвокатска фела упорно укажувавме, а законодавецот остана нем. Судот формално мора да го цени како олеснителна околност признанието на вина, формално мора да го земе предвид и изразеното каење, иако сите во судницата бевме свесни како беше искажано тоа каење во овој случај, и поради сето ова не можам да кажам дека сум задоволен од висината на казната на овие околности“, рече Митровски.Адвокатот, пак, на обвинетиот, Марјан Михов изјави дека пресудата е правилна.„Сметам дека судот правилно ја одмери казната, односно пресудата од пет години ефективна казна затвор е правилна, имајќи предвид дека за ова кривично дело е предвидена казна затвор од четири до 15 години и верувам дека ќе влијае и на страната на специјална превенција и на страната на генералната превенција“, рече адвокатот на обвинетиот Блажевски, Марјан МиховБлажевски во четврток попладне беше осуден на пет години затвор за сообраќајката што ја предизвика и ја прегази новинарката./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.