Црна хроника
Сериски крадци фатени при обид да ограбат два стана во Скопје
Фатени се тројца прилепчани кои пред десетина дена се обиделе да ограбат два стана во скопската населба Кисела Вода.
Но обидите за кражба им биле неуспешни откако биле фатени како крадат од страна на станарите на зградата.
Обидите за кражби ги извршиле на 11 мај во претпладневните часови во стан на ул. „Марко Цепенков“. Откако дошле до станот и се увериле дека во станот и во околината нема никого, со употреба на физичка сила и погоден алат, делувале на бравата од влезната врата со цел да ја отворат, но во истиот момент од непознати причини се откажале.
Пријавените на истиот кат се упатиле кон соседниот стан, каде исто така со употреба на погоден алат и физичка сила делувале на бравата од влезната врата, со цел да ја отворат, но откако слушнале тропање од соседниот стан се откажале од намерата и избегале кон погорните катови од зградата.
Очевидец откако ги забележал сторителите како се обидуваат да извршат кривично дело веднаш пријавил во полиција, по што на местото на настанот за кратко време пристигнале полициски службеници од ЕПОИ Алфа и УПС од ПС ОН Кисела Вода кои извршиле пребарување во зградата и ги пронашле тројцата кратци кои биле приведени во Полициската станица Кисела Вода.
При приведувањето од страна на полициските службеници од ЕПОИ АЛФА бил извршен преглед при што кај третопријавениот пронајдена била една платнена машка чанта во која имало бланко патент клучеви, разни шрафцигери, цевчест подесувачки алат со ламели за отворање на блиндор брави, алуминиумски фолии за патент клучеви и други алати потребни за отворање на разен типови на брави, а кај првопријавениот пронајден бил еден шрафцигер.
Наведените предмети со потврди за привремено одземени предмети се одземени и доставени до ЕУМНА при СВР Скопје за вештачење.
Едниот од нив е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и имал извршено три кривични дела во Струмица, и по едно во Куманово и Скопје.
Второпријавениот е евидентиран како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и тоа едно во Неготино едно во Охрид потоа 29 кривични пријави во Прилеп и две во Скопје, додека пак третопријавениот е евидентиран како сторител на девет кривични дела во Прилеп и две во Скопје.
Против нив е поднесена кривична пријава за тешки кражби во обид и одреден им е притвор во траење од осум дена./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.