Црна хроника
Шест доживотни за тероризам и ослободителна пресуда во случајот ’Монструм’
Шест доживотни затворски казни и една ослободителна пресуда е епилогот од судскиот процес во случајот „Монструм“, беше објавено во понеделникот во Основниот суд Скопје 1 Скопје, јави репортерот на Макфакс.
Шест доживотни затворски казни и една ослободителна пресуда е епилогот од судскиот процес во случајот „Монструм“, беше објавено во понеделникот во Основниот суд Скопје 1 Скопје, јави репортерот на Макфакс.
Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата сѐ уште се во затвор во Приштина и не се екстрадирани.
Отпрвин шест лица беа осомничени за убиството, Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири, а во декември 2013 година на обвинителната клупа седна и седмообвинетиот Сами Љута, кој е осомничен дека чувал стража додека извршителите ги убивале петте жртви. Алил Демири и Африм Ислаимовиќ се уапсени на Косово за нелегално поседување на оружје и нив им се суди во отсуство.
Сите тие се осудени на доживтни изатворски казни, додека ослободен од обвинението е Сејди Рама за кого не е утврдено дека има поврзаност со убиството./крај/следува проширена информација/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.