Црна хроника
Шестгодишно дете и двајца возрасни тешко повредени во сообраќајка со возило кое го управувал малолетник
Шестгодишно девојче и уште две лица се тешко повреди во сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот попладне кога нивното возило се судрило со друго возило коешто го управувал малолетник.
Според информациите од МВР, несреќата се случила во 13.45 часот на локалниот пат за село Фалиш – Тетово, кога се судриле автомобил „форд“ со тетовски регистарски таблички со којшто управувал седумнаесетгодишен тетовец, и автомобил „опел вектра“ управувано од триесет и шестгодишен жител од тетовското село Стрименица. Во несреќата со тешки повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка, кои од тетовската болница биле пренесени на скопските клиники. Девојчето се здобило со скршеница на рамото и е задржана во тетовската болница на натамошно лекување. За натамошно лекување во тетовската болница задржани се уште три сопатници од истото возило, на возраст од 30, 32 и 37 години кои се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС за БПС Тетово./крај/мф/
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.