Црна хроника
Шест лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
Вчера во 17:55 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Н.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 60-годишен татко.
На 01.06.2026 во 00:15 часот во СВР Штип, 25-годишна жена од село во општина Карбинци пријавила дека на 31.05.2026 во 17:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Ш.М.(45). Според пријавеното, претходниот ден тој физички ги нападнал нивните малолетни деца. Таа и малолетните деца се предадени на Центарот за социјални работи Штип.
На 31.05.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.М.(26) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово физички ја нападнал 16-годишната ќерка на неговата вонбрачна сопруга.
На 01.06.2026 во 00:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Д.(53) од Велес, постапувајќи по пријава од Центар за социјални работи Велес дека по кратка расправија физички го нападнал неговиот 16-годишен син. По преземени мерки било констатирано дека Ф.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,87 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
На 31.05.2026 во 21:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.А.(34) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот им се заканувал на неговите родители. Според пријавеното, ваквите настани се случувале подолг временски период. По преземени мерки било констатирано дека А.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,87 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
На 31.05.2026 во 13:45 часот во Полициското одделение Жеровјане, полициски службеници го лишија од слобода Р.С.(38) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 56-годишна мајка дека по кратка расправија физички ја нападнал.
На 31.05.2026 во 21:35 часот на ул. „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода В.П.(42) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна сопруга од Гостивар, со која се во бракоразводна постапка, дека по кратка расправија, физички ја нападнал и ѝ го оштетил возилото.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со мотоцикл излетал од патот: скопјанец завршил со тешки повреди
Во СВР Скопје вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, во близина на с. Нова Брезница, 36-годишниот В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Ја нападнале во влез од зграда и ја ограбиле: разбојништва во Скопје
Вчера во 12:05 часот во СВР Скопје, Р.Д.(70) од Скопје пријавила дека на 06.06.2026 околу 21:30 часот во влез од зграда на подрачјето на Центар две лица физички ја нападнале.
При нападот едниот употребил тврд предмет и ѝ одзеле паричник со пари. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден во 16:30 часот во СВР Скопје, и А.П.(68) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот на подрачјето на Центар, две машки лица физички го нападнале, додека едно женско лице кое било со нив, му одзело пари од паричник.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Црна хроника
Починат маж пронајден во паркот „Жена борец“ во Скопје
Синоќа во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во паркот „Жена борец“ во Скопје има починато лице.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија.
Извршен бил разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека додека двајцата се движеле, одеднаш Х.Р.Г. паднал, по што тој повикал Итна медицинска помош.
Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на судска медицина за обдукција, соопшти полицијата.
