Црна хроника
Син претепал и ограбил мајка во Куманово
Педесет и осум годишна жена од Куманово со фрактура на клавата хоспитализирана во Клинички центар Скопје откако била физички нападната во дна наврати до својот син, кој притоа и одземал и пари.
На 16.08.2014 година во 11,30 часот во ПС од ОН Куманово, Ѓ.К.(58) од Куманово, пријавила дека во два наврати на 12.08.2014 година, како и на 15.08.2014 година нејзиниот син физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци по телото и главата, при што и нанел видливи повреди во пределот на главата.
При вториот напад, успеал да ја соблече и да и земе 200 евра.
На оштетената и е укажана лекарска помош во Медицински центар Куманово, каде се констатирани тешки телесни повреди во вид на фактура на главата и истата е пренесена во Клинички центар Скопје за понатамошно лекување.
По целосно докуметурање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.