Црна хроника
Синот со нож го нападнал татко си: семејно насилство во Охридско
60-годишен маж бил нападнат од неговиот син во Охридско, соопшти полицијата.
Имено, вчера во 11:40 часот во СВР Охрид, Г.Н.(60) од охридско село пријавил дека во својот дом физички со нож бил нападнат од неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца мажи се истепаа во кафеана во Македонска Каменица: сите биле пијани
Вчера во 01:10 часот полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги приведоа В.М.(28), М.М.(42) и М.А.(34), сите од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Македонска Каменица, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
При извршен алкотест, било констатирано дека М.М. има 2,25 промили алкохол во крвта, В.М.- 1,65, а М.А.- 1,18 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Нападнат таксист во Аеродром
Вчера во 22:10 часот во СВР Скопје, 41-годишниот М.П. од Скопје пријави дека околу 21:45 часот, додека седел во своето такси возило, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од В.Д.(46) од Тетово.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетник нападнал друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари: во полиција се пријавил сам
Ноќеска во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026 околу 22:20 часот пред игротека во Шуто Оризари, скопско, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од Шуто Оризари.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
