Црна хроника
Скопјанец истепа жена во автобус на ЈСП
Дваесет ичетиригодишен скопјанец во вторник истепал жена во автобус на ЈСП со број 19.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил вчера околу 17 часот додека автобусот сообраќал по ул. „Цветан Димов“. Тогаш С.М. (24) ја нападнал Т.Ј. (34) удирајќи ја со тупаници по цело тело.
Според информациите пренесени во неколку медиуми, момчето ја нападнало жената мислејќи дека го снима со мобилен телефон додека тој се расправал со возачот на автобусот.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.