Црна хроника
Скопјанец изнудувал пари од девојката
Скопјанец и се заканувал на својата девојка дека ќе ја убие доколку не му даде пари.
Како што соопшти полицијата, 24 годишниот К.Б. во август 2014 година започнал љубовна врска со 18-годишна студентка од Гевгелија која била сместена во студентски дом во Скопје, по што со закани по нејзиниот живот почнал да изнудува парични средства. На 10 октомври девојката случајот го пријавила во полиција и се договорила со пријавениот да се најдат кај студентскиот дом „Пелагонија“ и во моментот кога ги зел парите, од страна на полициски службеници истиот е лишен од слобода.
Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.