Црна хроника
Скопјанец извршил серија кражби низ градот
СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 19-годишниот М.С. од Скопје, поради основано сомнение дека извршил 10 кривични дела и тоа една – „кражба“, три дела – „тешка кражба“ и шест – „тешка кражба во обид“ при што се здобил со противправна имотна корист од околу 389.360 денари. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Кривичните дела пријавениот ги извршил во периодот од почетокот на јуни до средината на август годинава и тоа на подрачје на Центар ( една тешка кражба, една кражба и еден обид за тешка кражба од куќа), на подрачје на Кисела Вода (три обиди за тешка кражба од куќа), на подрачје на Ѓорче Петров (две тешки кражби и еден обид за тешка кражба од куќа) и на подрачје на Карпош (еден обид за тешка кражба).
Кривичните дела ги извршувал во различен период од денот претежно во пладневните часови и ноќе во време кога сопствениците не биле дома. Со употреба на физичка сили со помош на подесен алат и со прекачување влегувал во домовите и при тоа вршел претурање и пребарување при што одзел: еден пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 7,65мм, рамка со пет куршуми, една празна рамка за истиот пиштол, мобилни телефони различни марки, еден телевизор, златен накит (прстени, ланци, привезоци, обетки) златници со различни ликови, разна бижутерија, машки и женски часовници, девизи (евра), денари и други предмети.
По извршувањето на кривичните дела М.С. украдените предмети ги носел и ги продавал на Бит Пазар и на пазарот „Бувљи пазар“ под Кале (пиштолот заедно со куршумите и рамките го продал на НН лице на Бит Пазар за сума од 100 евра) украдените евра ги заменувал во менувачница на влезот од Скопската чаршија, а додека добиените пари ги потрошил за купување на опојни дроги како и за други свои лични потреби.
Обвинетиот потоа бил приведен во полициската станица во Кисела Вода, и со него биле извршени разговори во врска со сторените кривични дела, кои тој во целост ги признал и го опишал начинот на извршување. Инаку против М.С. од 2011 до 2014 година поднесени се осум кривични пријави од областа на имотните деликти./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.