Црна хроника
Скопјанец ја хакирал страницата www.exploringmacedonia.com
Скопјанец ја хакирал интернет страницата www.exploringmacedonia.com и против него е поднесена кривична пријава за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Четириесет и четиригодишниот скопјанец неовластено навлегол со администраторски корисник во компјутерски систем во сопственост на компанијата „Некстсенс“ на која била хостирана интернет страницата www.exploringmacedonia.com. Откако се здобил со администраторски привилегии извршил промена на официјалната содржина од веб страницата, односно неовластено поставување на нови датотеки со што компјутерскиот податок го направил неупотреблив и некорисен.„Од доставените логови за сите извршени неовластени најавувања до хост – серверот извршена е анализа на истите каде се утврдени ИП адреси од кои што е пристапувано со време и датум, и со понатамошна истрага утврден е корисникот на истите – лицето А.Т., воедно и сторителот за гореспоменатото кривично дело“ соопштуваат од МВР.Извршен е претрес во домот и просториите на пријавениот каде се пронајдени компјутерите преку кои хакерот извршил неовластено пристапување на компјутерскиот сервер во сопственост на „Некстсенс“. Поради обезбедување на податоци и дигитални докази извршена е анализа и вештачење врз одземената компјутерска опрема пронајдена при претресот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.