Црна хроника
Скопјанец купувал телефони со картички на Американци
Скопјанец со банкарски податоци од платежни картички во сопственост на американски државјани купувал телефони на македонски интернет продажни места.
Во периодот од мај до јануари годинава ги прибавил податоците од картичките и извршил девет успешни нелегални трансакции со четири фалсификувани платежни картички во вкупен износ од 104.439 денари и 13 неуспешни нелегални трансакции со четири различни фалсификувани платежни картички во вкупен износ од 177.480 денари и 1.940 американски долари.Купил мобилни телефони Samsung SM-G900F Galaxy S5 LTE Black Color, HTC Desire 500 бела боја, LG G3 S D7 црна боја, Samsung Galaxy S4 GT-I9506, Smartphone Samsung S5 Mini SM-G800 black.Скопјанецот исто така на 6 февруари телефонски се јавил на сопственикот на едно од продажните места и се претставил како вработен во МВР , односно како “инспектор Тодоров” кој раководел со акцијата и бил задолжен за испорака на телефонот марка “Samsung S5”, црна боја, и рекол дека потребно е да се врати телефонот на фирмата за брза испорака и да се достави до лицето бидејки работеле на случајот.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика добил повеќе пријави од Уни банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка, како и пријава од Американска амбасада за злоупотреба на платежни картички на нивни државјани во повеќе македонски интернет продажни места. Скопјанецот при вршење на нелегалните трансакции односно при нарачките на производите на интернет се претставувал во име на две лице, а производите барал да му бидат доставени во една од продавниците на пластичарската улица. Постапувајќи по пријавите преземени се оперативни проверки, а по претходно издадена судска наредба извршен е и претрес во домот на скопјанецот каде се пронајдени и одземени повеќе фактури за нарачувани производи од повеќе продажни места, лап топ компјутер, сим картички, повеќе мобилни телефони и усб стикови.Исто така меѓу пронајдените производи пронајден е телефонски апарат на кој се користени сите три спорни мобилни броеви кои се користени при извршување на нелегалните трансакции како и бројот од кој лажно се претставувал како полициски инспектор.Против него е поднесена кривична пријава за изработка и употреба на лажна платежна картичка и за лажно претставување./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.