Црна хроника
Скопјанец лажно им се претставил како полицаец на двајца полицајци
Во петокот околу 22 часот во Скопје, на улица „Јужен Булевар“ полициски службеници кои се движеле со возило биле сопрени од страна на лице кое управувало автомобил „oпел корса“, при што им се претставил како полициски службеник и им побарал документи.
Откако полициските службеници од лицето побарале да се легитимира, тој одбил, влегол во возилото и избегал. По превземени мерки на улица „Огњан Прица“ било пронајдено лицето, односно 42-годишниот С.Ч. од Скопје кој во себе имал и пиштол по што бил приведен во полициската станица Кисела Вода. Од МВР додаваат дека се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.