Црна хроника
Скопјанец навредувал полицаец затоа што му пишал казна
Дваесет ипетгодишен скопјанец навредувал полицаец затоа што му пишал казна за сообраќаен прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Дваесет ипетгодишен скопјанец навредувал полицаец затоа што му пишал казна за сообраќаен прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Настанот се случил во четврток изутрина на улицата „Јужен булевар“ кога полициски службеници го запреле Н.П. (25) од Скопје кој управувал автомобил марка „голф“. При пишувањето на казна за сообраќаен прекршок од страна на едниот полицаец, Н.П. заедно со неговиот сопатник П.С. (24) почнале да му се закануваат и да го навредуваат.
Тие и покрај предупредувањето да престанат со навреди, продолжиле по што биле приведени.
По целосно расчистување на случајот против Н.П. и П.Ц. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.