Црна хроника
Скопјанец ограбен за два милиона денари
Стан на 36-годишен скопјанец е ограбен во петокот, при што засега непознат сторител однел златен накит и пари во разни девизи во вкушна вредност од два милиона денари, а СВР СКопје презема мерки за откривање и пронаоѓање на сторителот, како и целосно расчистување на кривичното дело.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од увидот е познато дека во петокот во станот на Х.Б. на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром непознат сторител со погоден алат ја отворил влезната врата и одзел златен накит, 4.750 американски долари, 3.000 евра, 80.000 денари по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна корист од околу 2.000.000 денари./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.