Црна хроника
Скопјанец преку Фејсбук на малолетничка и прикажувал порнографски материјали
СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против 18-годишниот И.Ц.(18), поради основи на сомнение дека во временскиот период јули-август 2016-та година користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, на 12-годишно девојче од Скопје во повеќе наврати и’ прикажал фотографии со порнографска содржина.
За кривичното дело „прикажување порнографски материјал на дете“, предвидено и казниво по член 193, од страна на Судија на претходна постапка на сега пријавениот му е одземена патната исправа, забрането му е да го напушта домот во кој живее и задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен Суд.
Имено, И.Ц. на социјалната мрежа „Фејсбук“ креирал профил со лажни податоци и лажно име и на 28-ми јули му испратил понуда за пријателство на 12-годишно девојче од Скопје, кое ја прифатило понудата и започнало електронска комуникација со пријавениот. Во комуникацијата И.Ц. и’ кажал дека има 16 години и дека учи во гимназија и дека профиот од кој и’ го испратил барањето за пријателство, ќе го исклучи, а ќе и’ прати барање за пријателство од нов профил, кој исто така бил со лажни податоци.
Откако, девојчето го прифатила пријатеството испратено од новиот профил на пријавениот, истиот и’ пуштил фотографија со порнографска содржина и побарал од девојчето да му пушти слика на која ќе биде сликана гола. По ова девојчето ја прекинало комуникацијата со И.Ц., при што истиот во уште два наврати и пуштил фотографии со порнографска содржина, за што девојчето му кажало на својот татко, кој случајот го пријавил во Единицата за економски и компјутерски криминал.
По пријавувањето на кривично правниот настан Единицата за економски и компјутерски криминал, превзеде опсежни оперативно тактички мерки за утврдување на идентитет на лицето со Фејсбук-профили, при што е утврден пријавениот и истиот е лишен од слобода, а од домот му е одземен еден пренослив компјутер, еден десктоп компјутер и друга ИТ опрема кои се предадени на вештачење.
Во извршениот разговор со И.Ц., тој изјавил дека одземената опрема од неговиот дом е користена само од него и ја потврдил елктронската комуникација со 12-годишното девојче, во која прикажувал материјали со порнографска содржина./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.