Црна хроника
Скопјанец претепан и оставен пред казино без свест
Петмина напаѓачи, од кои двајца носеле униформи на агенција за обезбедување, во четвртокот околу 15 часот претепале жител на скопското село Рашче во кафе бар во трговскиот центар Лептокарија.
Како што пријавил нападнатиот, тој и ќерка на негов пријател отишле во кафе бар во Лептокарија за да разговараат за вработување. Додека стоеле на летната тераса, во кафе барот влегле три лица, кои нападнатиот ги идентификувал, заедно со двајца обезбедувачи.Без повод и причина почнале да го удираат со тупаници и пендреци во пределот на главата и телото. Кога паднал на земја без свест продолжиле и со клоци да го удираат по целото тело. Потоа го изнеле од кафе барот и го однеле зад едно казино. Кога пристигнале полициски службеници на местото на настанот повикале Брза помош, која го пренела триесет и едногодишниот скопјанец во Ургентен центар, каде му биле констатирани повреди во пределот на главата, телото и десната нога. Направен е записник и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Ноќеска во Ургентниот центар со тешки телесни повреди бил примен уште еден дваесет и седумгодишен скопјанец кој, исто така, бил претепан во трговскиот центар Чаирчанка. Полицијата работи на расчистување и на овој случај./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.