Црна хроника
Скопјанец присвоил државно земјиште со фалсификувани документи, а потоа го продавал
Педесет и петгодишен скопјанец се обидел преку фалсификувани документи да продаде државно земјиште.
Како што соопшти полицијата, В.Л. (55) од Скопје со намера да се стекне со противправна имотна корист од продажба на недвижен имот, набавил лажна службена исправа-пресуда од Основен суд Скопје 2 Скопје донесена на 22.09.2014 година, а правосилна на 25.09.2014 година. Потоа истата ја употребил во Агенција за катастар на недвижности, приложувајќи ја кон Пријава за отстранување на техничка грешка во катастар на недвижности. Врз основа на таа лажна пресуда службени лица во Агенција за катастар на недвижности извршиле запишување на промена во катастарот на недвижности во КО Нерези, кое се состои од недвижен имот-земјиште на две катастарски парцели едната со површина од 2509 м2 и втората со површина од 2208 м2, од сопственост на РМ во приватна сопственост на пријавениот В.Л.
После ова пријавениот, со намера да го прикрие вистинскиот носител на сопственоста, на ден 15.01.2015 година преку адвокат-полномошник склучил Преддоговор за купопродажба на недвижен имот (гореспоменатото земјиште) за износ од 50.000 евра или во денарска противредност од 3.075.000.00 денари, каде како продавач е пријавениот а како купувач е лицето О.Д. кој пак согласно преддоговорот на 15.01.2015 година уплатил на трансакционата сметка на сопругата на пријавениот капар, однсно аванс -паричен износ од 460.000 денари, а потоа уште во два наврати на 11.03. и 21.04 годинава на истата трансакциска сметка од страна на купувачот биле префрлени 462.000 денари и 861.000 денари. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.