Црна хроника
Скопјанец приведен во Галичник, кај него пронајдени марихуана и халуциногени печурки
Полицијата приведе 47-годишен скопјанец во Галичник, откако при преглед кај него биле пронајдени повеќе различни материи.
Како што информира МВР, на 5 септември околу 19 часот, на паркинг простор во селото Галичник, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.Е. (47) од Скопје.
При преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана, шест пакувања со бела прашкаста материја и едно пакување со халуциногени печурки.
Мажот бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
