Црна хроника
Скопјанец приведен за превоз на мигранти, Србинка за криумчарење
Во петокот поради прекршување на прописите за транспорт на имигранти односно нивно илегално превезување, приведени се 21-годишен жител на скопското село Драчевица, а во одделен случај на 50-годишна државјанка на Србија за криумчарење мигранти ѝ е одреден 30-дневен притвор.
Во петокот утрото, околу 6,30 часот во близина на тунелите кај Демир Капија на автопатот Гевгелија-Скопје, и покрај тоа што од страна на полициски службеници од Неготино бил даден знак на автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Р.(21) од Драчевица, скопско, возачот продолжил при што во близина на местото Прждевски лаки, неколку километри по тунелите, го запрел возилото и избегал.
Во возилото биле затекнати девет лица мигранти, од кои три лица државјани на Еритреа, а шест лица државјани на Пакистан. Возачот бил подоцна пронајден од полицијата и приведен во Неготино и против него е поднесена кривична пријава за што од страна на судија за претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 8 дена.
Во врска со настан „Криумчарење мигранти“, на 50-годишната С.З. од Србија, по поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл.418-Б став 2 и став 4 од Кривичен законик на РМ, од страна на судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје-1 Скопје , одредена 1 е мерка притвор во траење од 30 дена и таа е спроведена и предадена во КПУ Затвор Скопје./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.