Црна хроника
Скопјанец во притвор поради трговија со хероин во центарот на градот
На 46-годишен скопјанец му е одреден 30-дневен притвор, откако од страна на СВР Скопје е пријавен дека е осомничен за извршување кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
Единицата за недозволена трговија со дрога по добиеното сознание дека пријавениот идентификуван со иницијалите .БМ. во текот на мај и јуни годинава, од засега непознато лице од Скопје, набавил поголема количество хероин, коешто го препакувал за улична продажба и по преземени мерки утврдено е дека тој нарачките ги договарал по телефон, по што хероинот најчесто го продавал на локации во централното градско подрачје.
На 9-ти јуни годинава, сега притворениот во близина на Градски парк во вечерните часови,бил забележан и легитимиран од полициски службеници на Единицата за недозволена трговија со дрога и при извршен личен преглед кај него биле пронајдени осум полиетиленски паковки со хероин.
Откако бил приведен, а по наредба на судија на претходна постапка, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени вкупно 15 полиетиленски паковки со наркотична дрога хероин.
По извршеното вештачење на хероинот пронајден кај Б.М., констатирано е дека нето маса од 3,39 грама хероин, истиот ја препакувал во 23 полиетиленски паковки во поединечна нето маса од 0,1 до 0,18 грама, при што една паковка, во зависност од грамажата ја продавал на зависници од Скопје за цена од 300 до 600 денари./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец ја истепал сопругата
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.
Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…