Црна хроника
Скопјанец злоупотребувал податоци на девојки за порнографски веб
Триесет ипетгодишен скопјанец е пријавен поради бесправно дошол до лични податоци од две девојки на 18 и на 20 години од Фејсбук, и нивни фотографии од социјалните мрежи ги споделувал на интернет страница којашто споделува материјали со порнографска содржина.
Пријавениот, индетификуван со иницијалите Ј.К. без согласност ги прибавил корисничките податоци од профилите на двете девојки на социјалната мрежа Facebook, коишто ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нивните лични податоци на интернет.
Осомничениот пристапувал на профилите на девојките и без нивна согласносот прибавувал фотографии од нивните профили, и ги постирал на веб страницата со порнографска содржина, со што постојат основи на сомнение дека го сторител кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 став 1 и 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Веднаш по доставувањето на пријавата од страна на оштетените лица до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за злоупотреба на нивните лични податоци преземени се мерки и активности во однос на утврдување на корисникот на профилот на споменатиот порнографски ресурс од кој се поставени сликите и по прибавување на доказите и нивна анализа, тие наведуваат дека корисник е сега пријавениот Ј.К. кој постирал вкупно 68 фотографии, но кои не се со порнографска содржина, од од двете оштетени девојки./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.