Црна хроника
Скопјани „олеснети“ за повеќе илјади евра
На територијата на Скопје во петокот се пријавени две тешки кражби во кои се украдени неколку илјади евра, како и вреден златен накит и оружје.
Во петокот во раните попладневни часови во полициската станица „Аеродром“ 44-годишна скопјанка пријавила дека во текот на денот, во периодот меѓу 07,15 и 16,10 часот во нејзиниот стан на улицата „Венјамин Мачуковски“, во населбата Мичурин, била извршена тешка кражба, при што по обивањето на влезната врата биле одземени 2.100 евра, 60 американски долари, златно синџирче со приврзок и пиштол „ЧЗ 75 б“ калибар 9мм, кој со дозвола го поседувал нејзиниот сопруг. Причинетата штета е проценета на околу 150.000 денари.
Четириесет и шест годишен скопјанец, истовремено пријавил дека од неговата куќа на улицата .„Коце Металец“, во населбата Железара, непознат сторител во периодот од 10,20 до 15,20 часот во петокот извршил тешка кражба одземајќи 12.000 евра во разни апоени, 15.000 денари и три златни женски прстена. Во овој случај предизвиканата штета е процента на вкупно околу 750.000 денари.
Од СВР Скопје известуваат дека и во двата случаи преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.